Рускиот авион се распаднал во воздух

Од:

Рускиот патнички авион со 224 патници и членови на екипажот, кој се урна вчера во Египет, се распаднал во воздух, изјави директорот на рускиот Меѓудржавен воздухопловен комитет, Виктор Сороченко.

– Распаѓањето се случило во воздух, а делови од авионот се расфрлани на голема територија, истакна Сороченко во Каиро, каде се наоѓа тим од експерти од Русија, Египет, Франција и Ирска.

Тој додаде дека се уште е рано да се зборува за причините за несреќата.

Меѓународните иследници почнаа да ја истражуваат причината за падот на Ербасот.

Претставници на руското Министерство за вонредни состојби наведоа дека е неопходно детално да се прегледа подрачјето од околу 16 квадратни километри. Тие ја пронајдоа црната кутија, а египетската Влада нагласи дека во тек е анализа на нејзината содржина.

– Рускиот истражен комитет денеска ги презеде документи за техничкото одржување на авионот, како и податоците поврзани со летот, сертификатот на авионот, испишаната рута меѓу Шарм ел Шеик и Санкт Петербург, изјави портпаролот на Комитетот, Владимир Маркин.

Ербасот на руската компанија „Когалимавиа“, кој сообраќаше од Шарл ел Шеих за Санкт Петербург се урна вчера околу половина час по полетувањето, на стотина метри јужно од административниот центар на провинцијата Северен Синај, градот Ел Ариш, во близина на населеното место Ел Хасна. Во авионот имаше 117 патници и седум членови на екипажот. Во несреќата нема преживеани.

Во Русија денеска е прогласен ден на жалост.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски