Руски весник: Путин подготвува одговор за ограничувањето на цената на нафтата, има три опции

Од:

Русија би можела да одговори на одлуката на Г7 и ЕУ за ограничување на цената на руската нафта со забрана за продажба или највисок дозволен попуст, пишува рускиот деловен весник Ведомости.

Групата од седум најразвиени земји во светот, ЕУ и Австралија од понеделникот ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари за барел, заканувајќи се со санкции против осигурителите и превозниците кои обезбедуваат услуги за поскапи пратки. Кремљ и руската влада разгледуваат три можни одговори, вклучително и забрана за продажба на нафта на сите земји кои го поддржаа ограничувањето на цената, пишува весникот „Ведомости“, повикувајќи се на два извори блиски до владата.

Три опции

Би била забранета и директна продажба преку посредници, се наведува во весникот. Втората опција предвидува забрана на извозот врзан со договори кои вклучуваат лимит на цена, за сите дестинации. Според третата опција, извозот на руската нафта од Урал би бил дозволен само со пропишан максимален попуст на меѓународните референтни цени, пишува весникот.

Рускиот вицепремиер Александар Новак во вторникот изјави дека новите прописи за извоз ќе стапат на сила до крајот на годината. Тој претходно изјави дека Русија може да го намали производството на нафта, но не многу.

Блумберг објави дека Русија исто така размислува да постави најниска дозволена цена на нафтата во меѓународната продажба, според Ројтерс.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски