Руски снајперист ја ликвидирал „Белата вдовица“?

Од:

Руските медиумите пренесуваат дека наводно руски снајперист доброволец, во Украина ја убил најбараната терористка на светот, британската џихадистка Саманта Летвајт (30), позната како „Белата вдовица“.

Според наводите најбараната Британка, минатиот месец се борела на страна на милитантите на ИСИС во Сирија, а руските тврдења за нејзино наводно убиство во моментов се уште не се потврдени.

Летвајт беше сопруга на бомбаш самоубиец, кој во 2005 година загина во терористички напад на лондонска подземна железница, при што уби 26 невини лица.

Таа Британија ја напушти во 2009 година, а е поврзана со голем број злосторства на Блискиот исток и во Африка, меѓу кои е и крававиот напад на трговскиот центар во Најроби.

-Според наши информации, „Белата вдовица“ како снајперист била дел од бригадата Аидар. Ја убил доброволец кој од Русија дошол да се бори во Луганск, пишува руски „Регнум“.

Минатиот месец од Сирија пристигнаа вести дека ќерката на поранешниот војник им се придружила на милитантите на ИСИС и дека станала една од највлијателните жени во нивните редови.

„Белата вдовица“ до сега немаше никакви врски со Украина, а во Сирија наводно била одговорна за обука на единицата бомбаши-самоубијци.

Постои сомневање дека во 2012 година во Момбас учествувала во бомбашки напад на туристи кои на балкон на една пивница го гледале натпреварот помеѓу Англија и Италија, при што беа убиени три, а повредени 25 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски