Руските власти уапсија полковник на нивната армија под сомнение дека украл мотори на тенкови вредни 20,5 милиони рубљи (околу 234.000 евра).
44-годишниот Александар Денисов е обвинет за кражба на седум мотори од главните борбени тенкови Т-90 во периодот од ноември 2021 до април 2022 година, пишува рускиот весник „Комерсант“, а пренесува „Скај њуз“.
Обвинителите рекоа дека полковникот Денисов од Јужниот воен округ ги продавал моторите на црниот пазар.
Властите го приведоа во март, а тој пред судот се изјасни за невин бидејќи „нема докази“ за неговата вина.
Доколку судот го прогласи за виновен, му се заканува казна затвор до десет години.