(ВИДЕО) Бугарски тенкови минуваа низ Македонија со наша воено-полициска поддршка

Од:

Пркеу дваесет камиони со воена опрема на Бугарија транзитираа низ Македонија согласно СОФА договорите кои земјава како членка на НАТО ги има потпишано со сите сојузници од Алијансата. Од Министерството за одбрана за А1он велат дека Македонија има обврска да овозможи непречен транзит на воена опрема или возила на сојузничките земји за нивни потреби, преку територијата на Републиката.

„Сите овие активности се најавени и координирани со Армијата на Република Северна Македонија и други институции во државата. Овие активности вклучувајќи го и вчерашниот транспорт се одвиваат постојано и редовно согласно сите дефинирани правила. Транспортот е целосно организиран и реализиран од страна на сојузниците за чии потреби е истиот. Обврска на Армијата е да обезбеди воено-полициска поддршка, што и редовно се реализира на најпрофесионален начин“, велат за А1он од Министерството за одбрана.

Камионите вчера утрото превезуваа тенкови и борбени возила, а како што велат од министерството, воено-полициската поддршка на камионите кои превезуваат воена опрема на сојузничка земја е обврска на Армијата.

Би можело да ве интересира

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата