Руски подморници спречиле британски поморски напад врз Сирија

Од:

Една или две руски подморници, кои западните експерти ги нарекуваат „црни дупки” бидејќи речиси се нечујни, спречиле британска подморница да дојде до бреговите на Сирија, пренесуваат светските медиуми. Наводно, оваа подморница требало да биде вклучена во нападите изведени минатиот викенд.

Британски „Тајмс“ наведува дека додека премиерката Тереза ​​Меј ја носела одлуката дали Велика Британија да се вклучи во нападите врз Сирија, вистинска драма се одвивала во водите на Средоземното Море.

Според информациите, подморницата на Кралската морнарица била вооружена со крстосувачки ракети, но истата била пресретната од руските „црни дупки“, поради што била принудена да навлезе длабоко под површината на морето во обид да избегне откривање.

Весникот пишува дека играта на мачка и глушец се одвивала неколку дена пред бомбардирањето на Сирија и дека на руските подморници им се придружиле и два руски брода, како и авион со цел да се открие подморницата.

Руските подморници од класата „клио“ биле стационирани во сириското пристаниште Тартус со цел да спречат британски подморници да се приближат кон Сирија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје