Руски напад кај Киев

Од:

Руските сили рано утринава лансираа ракети врз инфраструктурата во областа Вишигород, северно од украинскиот главен град Киев, соопштија украинските власти.

Регионалниот гувернер на Киевската област Олексиј Кулеба ја објави информацијата за нападот во 6 часот наутро на својот канал Телеграм.

„Утрово непријателот изврши ракетен напад врз една од заедниците во областа Вишигород. Чекаме информации за жртвите. Сите служби за итни случаи се веќе на терен“, напиша Кулеба.

Во Киев се огласија сирените за воздушен напад, а властите ги повикуваат жителите да не ги напуштаат засолништата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

ВИДЕО: Пред точно три години Путин ја почна војната против Украина, светот влезе во нова ера

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај