Руски авиони извршија напади на цели на ИД во Палмира и Алепо

Од:

Руски авиони стрелаа цели на групата „Исламска држава“ во сирискиот град Палмира и во северната провинција Алепо, соопшти денеска сириската државна телевизија.

Во нападите се уништени 20 автомобили и 3 магацини за оружје во заземениот од џихадистите град Палмира. Цел на нападите во Алепо биле градовите Ал Баб и Деир Хафер, на околу 20 километри источно од воениот аеродром, моментално под контрола на борци од ИД.

Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права со седиште во Велика Британија во нападите во Палмира се убиени 15 џихадисти од ИД.

– Тоа беше најтешкиот руски напад во Палмира, изјави директорот на центарот Рами Абдул Рахман, додавајќи дека во изминатите 24 часа руски авиони нанеле најмалку 34 воздушни напади во цела Сирија.

Уште четворица борци од ИД се убиени во близина на источниот град Рака, упориште на групата во Сирија во изминатите две години.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин