Руската војска за 24 часа го продолжува хуманитарното примирје во Алепо

Од:

Хуманитарното примирје, кое се почитува од утринава од страна на руската и сириската армија во градот Алепо, ќе биде продолжено за 24 часа, за да се овозможи цивилите и борците да ги напуштат опколените бунтовнички квартови на градот, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Согласно наредбата на врховниот командант на вооружените сили (претседателот) Владимир Путин беше донесена одлука за продолжување на т.н хуманитарна пауза за 24 часа, рече Шојгу. Во пракса тоа значи дека примирјето ќе трае до утре до 16 часот по Гринич.

Малку порано ОН објави дека Русија се согласила да го продолжи примирјето до сабота навечер.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски