Руската војска изврши ракетен напад на железничка станица во близина на Киев

Од:

Руската војска соопшти дека бомбардирала воен транспорт во близина на Киев, пренесе ДПА.

– Ракети со висока прецизност лансирани од море беа употребени за уништување на оружје и воена опрема на 10-та украинска јуришна планинска бригада од Ивано-Франковск на железничката станица Малин во регионот Житомир, кои требаше да бидат префрлени во Донбас, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Украински извори го пријавија бомбардирањето на малиот град претходната вечер, известувајќи за една жртва и неколку повредени.

Конашенков наведе и бројни руски ракетни и воздушни напади во источниот украински регион Донбас, додека го презентираше последниот извештај за ситуацијата. Таму, според него, биле гранатирани цели во селата Бахмут, Соледар, Берестове, Лиман, Ниркове и Закитне.

Покрај командните пунктови, складиштата за муниција и концентрациите на војниците, генерал-мајорот како цели ги наведе и „сообраќајните клучки“. Тоа веројатно биле железничките станици во градовите, пренесе ДПА.

Според руски податоци, во воздушните напади загинале повеќе од 230 украински војници, а 33 воени возила биле онеспособени. Покрај тоа, три борбени авиони и 13 беспилотни летала биле соборени од руската воздушна одбрана.

Овие бројки не може да се проверат од независни извори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски