Руската црква е за враќање на смртната казна

Од:

Епископот красногорски Иринарх, кој во Московската патријаршија е раководител на одделението за затворска служба, се заложи за враќање на смртната казна за кривични дела тероризам.

Како што пренесе Верската информативна агенција (ВИА), Иринарх смета дека терористите би требало однапред да знаат дека можат да бидат осудени на смртна казна.

Ваквата изјава на красногосркиот епископ е спротивна на ставот кој го изнесе патријархот кирил во октомври минатата година. Тој тогаш истакна дека црквата во својата историја никогаш не била против смртната казна, туку против нејзиното извршување.

– Јас сум против смртна казна во современа Русија, изјави патријархот Кирил.

Според анкетите, голем број Руси сметаат дека смртната казна треба да постои кога станува збор за масовни убијци, педофили, нарко-дилери и терористи.

Последен пат смртна казна во русија е извршена во 1996 година. Три години подоцна помилувани се 703 осуденици на смрт и од тогаш на сила е мораториум.

Најмногу смртни казни во светот се извршуваат во Саудиска Арабија, Иран, Пакистан, Кина и САД.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни