Русите тврдат: Најдовме противотров за западните санкции

Од:

Според рускиот министер за финансии, Русија може да се справи со ограничувањата што и ги воведоа западните земји поради нападот врз Украина.

Шефот на руското Министерство за финансии Антон Силуанов изјави дека Русија „нашла противотров“ на западните санкции, пренесува Пословни дневник.

„Заедничка заслуга, вклучително и Министерството за финансии, е што развивме цела низа мерки за да одговориме на тешката ситуација. Веќе имаме приближна програма за дејствување, програма на одлуки како ќе ја градиме економијата, финансиите. Веќе имаме одредени рецепти за работа во такви ограничувања“, рече Силуанов.

Според рускиот министер за финансии, Русија може да се справи со ограничувањата што и ги воведоа западните земји поради нападот врз Украина.

„Веќе научивме како да одговориме на ограничувањата со кои треба да живееме. Најдовме противотров за овие санкции“, рече тој, пренесе Тас.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Пратениците одлучија: Зеленски е легитимен претседател

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија