Русите се повлекоа од Харков потврди градоначалникот

Од:

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, за Би-Би-Си изјави дека Русите се повлекле од областа на градот Харков во правец на руската граница.

Тој вели дека руските трупи само еднаш успеале да влезат во мал дел од клучниот североисточен град и не биле таму долго време.

„Русите постојано го гранатираа Харков бидејќи беа многу блиску до градот. А поради напорите на територијалната одбрана на Харков и украинските вооружени сили, Русите се повлекоа далеку од градската област во правец на руската граница“ вели Терехов.

Тој вели дека во градот е сега мирно и лужето се враќаат. Обезбедено е снабдување со вода, гас и електрична енергија за сите граѓани. Но, додава дека голем број објекти и станбени згради се уништени и дека претстои голема реконструкција.

– Немаше гранатирање во градот во последните пет дена. Имаше само еден обид од Русите да го погодат градот со ракета во близина на аеродромот во Харков, но проектилот беше елиминиран од украинската воздушна одбрана вели градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски