Русија би можела да започне изградба на ракети за уништување на астероиди кои се закануваат да удрат во Земјата, соопшти шефот на корпорацијата за ракети и вселена, „Енергија“, Виталиј Лопота.
Постојат три големи астероиди, вклучувајќи го Апофис, чии орбити се вкрстуваат со земјините и кои би можеле да удрат во нашата планета во следните неколку децении“, рече Лопота.
„За да се промени орбитата на камен со големина на Апофис потребна е ракета тешка 70 тони која би го одвлекла од Земјата или би го уништила во термонуклеарна експлозија“, рече тој.
Апофис е откриен во 2004. година. Астероидот во 2029. година ќе се проближи премногу со Земјата, на околу 30.000 километри, што е помалку од една десетина од оддалеченоста на Земјата од Месечината. Научниците пресметаа дека силината на ударот на Апофис со Земјата би бил еднаков на експлозија од 1.7000 мегатони.
Освен Апофис, постојат уште два големи астероиди, чие движење се вкрстува со Земјината орбита.
„Нема потреба да се објаснува што ќе и се случи на Земјата во тој случај-тоа би било катастрофа од светски размери“, изјави Лопота.
Тој укажа дека постоечките руски ракети –носачи со мотори RD-171 би можеле да бидат преправени за лансирање на ракети за уништување астероиди.