Русите подготвуваат одговор на санкциите: Наскоро ќе ја израдуваме Америка со наша „црна листа“

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја најави руската „црна листа“, која ќе биде одговор на санкциите на САД и ЕУ кон нејзината земја за случајот Навални.

Државната новинска агенција Тасс јави дека за време на нејзиното гостување во главната политичка емисија на Канал 1 на државната телевизија „Времето ќе покаже“, Захарова најави дека Русија наскоро ќе одговори на американските санкции и дека се подготвува соодветен „црн список“.

-Во согласност со начинот на однесување на Американците и како одеднаш ги објавија сите свои списоци, мислам дека наскоро и ние ќе ги развеселиме, изјави Захарова во емисијата, пренесе Тасс.

Претходно, и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека последните санкции на САД и на Европската унија против руските официјални лица и организации поради случајот Навални се интервенции во руските внатрешни работи и се неприфатливи.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте