Русите очекуваат ЕУ да ја одобри вакцината „Спутник V“ во март

Од:

Веќе следниот месец може да се очекува руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена за употреба во ЕУ, изјави денеска директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

-Ги поднесовме документите до Европската медицинска асоцијација, која е европски регулатор. Процесот на преглед може да трае во февруари и почетокот на март, рече Дмитриев во интервју за телевизијата „Русија 1 “.

Угледното научно списание „Лансет“ вчера објави дека „Спутник V“ е безбедна и ефикасна вакцина што обезбедува целосна заштита од тешки случаи на Ковид-19. По повеќемесечно истражување на руските имунолози, во кое учествувале 19.866 волонтери, третата фаза на клиничките испитувања е завршена со што се потврди ефикасноста на вакцината од 91,6 проценти.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска ја поздрави високата ефикасност на руската вакцина.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски