Русите напредуваат, станаа поразумни проценува Институтот за војна од Вашингтон

Од:

Русите полека напредуваат во инвазијата на Украина кога станува збор за окупирање територии се вели во најновата проценка на Институтот за проучување на војната (ISW).

Организацијата со седиште во Вашингтон објави дека руските трупи се движеле пометодично и побавно отколку во претходните фази на војната и дека почнале да донесуваат поразумни воени одлуки.

Руските војници на исток се судираат со затрупаните украински војници, кои таму ги поставуваат своите позиции од 2014 година и почетокот на конфликтот во источна Украина.

Но, поблиску до Харков на североисток, Русите се соочуваат со помал отпор бидејќи украинските позиции таму беа воспоставени откако инвазијата веќе започна.

Според Институтот за војна, борбите продолжуваат во јужниот град Мариупол. Се додава дека освен упориштето на фабриката Азовстал, Украинците „веројатно се уште имаат важни позиции надвор од самата фабрика“.

Во меѓувреме, руските напади во Молдавија продолжуваат со цел да се обвини Украина за тоа. Институтот за војна вели дека експлозиите би можеле да бидат обид да се вовлечат проруските трупи во регионот на Придњестровје во конфликт.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков