Русија забрани пушење на јавни места

Од:

Во Русија денес стапи на сила законот за забрана за пушење на јавни места и ограничување на рекламирање на цигари.

Законот за пушење е забранет во училишта, универзитети, културни и спортски центри, болници, згради на државна администрација, на работни места, автобуски и железнички станици и аеродроми.

Од 1-ви јули идната година забраната ќе се прошири и на ресторани, хотели, возеви и бродови. Со законот исто така ќе биде забранета продажба на цигари на улични пазари.

Околу 40 проценти Руси пушат цигари, според што Русија е дел од државите со најголем процент жители пушачи во светот. Од болести поврзани од пушењето во Русија годишно умираат речиси 400.000 лица.

Законот за забрана за пушење парламентот го усвои во февруари, а потоа го потпиша и претседателот Владимир Путин, во рамките на подобрување на јавното здравје, продолжување на животниот век и промовирање на економскиот развој.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он