Русија забрани прелети над делови од Крим и Црното Море

Од:

Русија од 20 до 24 април воведе привремени ограничувања на летови над делови од Крим и Црно Море, јавија руските медиуми повикувајќи се на НОТАМ (меѓународни известувања за пилоти).

– Областа е прогласена за привремено опасна за летови на авиони, се вели во соопштението.

Ограничени се летови над јужниот дел на Крим (од Севастопол до Феодосија), како и над дел од меѓународните води на Црното Море. Претходно, Русија соопшти дека ограничува и пловидба на бродови.

Според податоците од билтенот на Одделот за пловидба и океанографија на руското Министерство за одбрана, ограничувањата се однесуваат за акваторијата по јужното крајбрежје на Крим (од Севастопол до Гурзуф), зоната крај бреговите на Керченскиот Полуостров (во близина на природниот резерват Опуски) и морската зона западно од Крим.

Украинското Министерство за надворешни работи протестира против најавата на Русија за затворање на дел од Црното Море во правец на Керченскиот Теснец и побара таа одлука да биде поништена. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија презема акција како одговор на заканите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски