Русија воведе засилена контрола врз прехранбените производи од Турција

Од:

Русија воведува засилена контрола врз испораките на прехранбени производи од Турција и ќе врши дополнителни проверки на границата и при нивното производство, соопшти прес службата на Министерството за земјоделие, повикувајќи се на изјава на министерот Александар Ткачов.

„Владата на Руската федерација и нареди на Руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор да ја засили контролата врз испораките на земјоделски и прехранбени производи од Турција, а исто така и да организира дополнителни проверки на границата и непосредно во производните објекти во Република Турција“, се посочува во соопштението цитирано од ТАСС.

Овие мерки се воведуваат заради повеќекратните прекршувања на руските норми од страна на турските производители, се забележува во коминикето на руското Министерство за земјоделие.

Според Ткачов, цитиран од ТАСС, во последно време во министерството се добиени информации од потрошувачите и од земјоделските унии за безбедноста на земјоделското производство и прехранбените производи увезени од Турција. По анализата на создадената ситуација Министерство за земјоделие „ја информира Владата дека, за жал, просечно 15 отсто од турското земјоделско производство не соодветствува на руските норми“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски