Русија: Во последниот напад убивме 120 војници

Од:

Русија објави дека последните ракетни напади во источна Украина, биле насочени кон складишта за муниција и гориво. Четири такви цели биле погодени во близина на градовите Барвинкова, Покровскоје, Воздвиженка и Березово.

Во другите ракетни и воздушни напади, руските сили погодија 10 локации каде што се стационирани украински војници и опрема, соопшти Министерството за одбрана. Од таму велат дека убиле до 120 војници во тие напади и уништиле четири тенкови и шест други оклопни возила.

Руските артилериски единици погодија 389 цели во текот на ноќта, а мета беа, меѓу другите, 35 командни пунктови, 33 артилериски позиции и 15 складишта за ракетно и артилериско оружје и муниција, додаде Министерството.

Соборени се 18 украински беспилотни летала, вклучително и три беспилотни летала Бајрактер TB-2 од турски дизајн, велат Русите.

Автентичноста на бројките не е потврдена.

Инаку, Русите велат дека во војната досега уништиле 142 украински авиони, 112 хеликоптери, 658 беспилотни летала и повеќе од 2.500 тенкови.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков