Рускиот претставник во ЕУ, Владимир Чизов изјави дека влегувањето на Украина во НАТО ќе претставува предизвик без преседан за европската безбедност и ја предупреди ЕУ да не воведува санкции кон Русија поради Украина.
– Украина во НАТО ќе претставува предизвик без преседан за европската безбедност, најголем по падот на Берлинскиот ѕид, изјави Чизов.
Тој, исто така, ја предупреди ЕУ да не воведува санкции кон Русија поради Украина.
– Нашата порака до ЕУ е да не го загрозува мировниот процес во Украина со воведување санкции поради кризата во Украина. Само Советот за безбедност на ОН има права да воведува санкции, изјави рускиот претставник во ЕУ.