Русија тврди дека ја уништила украинската офанзива поради ефективната акција изминатите 24 часа

Од:

Украинската армија, која по лична наредба на Владимир Зеленски се обиде да изврши офанзива во правец на Николаев и Криви Рих, претрпе огромни загуби.

„При разбивањето на офанзивата што беше започната по лична наредба на Зеленски, украинската армија претрпе огромни загуби во правец на Николаев и Криви Рих, како и во други правци. Поради ефективната акција на руската армија во изминатите 24 часа ликвидирани се 48 тенкови, 46 пешадиски борбени возила, 37 други оклопни борбени возила, осум пикап камиони со митралези од голем калибар и повеќе од 1.200 украински милитанти“, изјави за новинарите портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

При одбивањето на непријателската офанзива, руската армија ги уништи одредите на 128-та специјална планинска нападна бригада на вооружените сили на Украина, која таму беше пренесена од западна Украина.

„Пет војници од оваа бригада го оставија оружјето и се предадоа“, рече Конашенков.

Руската армија, исто така, ликвидираше повеќе од 100 милитанти на неонацистичката формација „Кракен“ и странски платеници во областа Константиновка во Народна Република Доњецк.

Во областа Александровка во областа Днепропетровск, руската армија ликвидирала повеќе од 200 милитанти, вклучително и 40 странски платеници, со високопрецизно копнено оружје.

Руските воздухопловни сили во изминатите 24 часа, како што беше најавено, ги уништија производствените капацитети на фабриката „Интервзривпром“ во Кривји Рих, каде што се правеа експлозиви наменети за украинската армија.

Борбената авијација на руската армија уништи пет украински штабови, три магацини со ракетно-артилериско оружје и муниција во реонот на населбите Сарни во областа Ривне, Криви Рог во областа Дњепропетровск и Вернопоље во регионот Харков, како и 52 артилериски единици.

Руската воздушна одбрана собори два авиони Су-25 на украинската армија во регионот на Миколаев, а пет беспилотни летала беа соборени во областа Харков. Четири беспилотни летала беа соборени над нуклеарната централа Запорожје

Со цел да предизвика вештачка нуклеарна катастрофа, Киев испрати четири дронови во нуклеарната централа Запорожје, кои беа соборени од руските сили.

„Режимот во Киев продолжува да провоцира, создавајќи опасност од вештачка катастрофа во нуклеарната централа Запорожје. На дваесет и деветти август, украинската армија употреби четири ударни беспилотни летала на територијата на нуклеарната централа. Сите беспилотни летала беа пресретнати од руската воздушна одбрана“, соопшти Министерството.

Едно од беспилотните летала, како што е прецизирано, паднало на покривот на зградата на специјалниот објект бр.1 во кој се складирани нуклеарно гориво од американско производство и цврст радиоактивен отпад. Успешно се избегнати материјални штети и човечки жртви.

Министерството за одбрана соопшти и дека украинската артилерија во изминатите 24 часа истрелала два проектила на територијата на нуклеарната централа Запорожје, кои експлодирале во непосредна близина на специјалниот објект бр.1.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски