Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Од:

Портпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова, изјави во петокот дека сите обвинувања дека руски беспилотни летала влегле над Европа се неосновани и дека не се презентирани никакви докази, објави руската новинска агенција РИА.

„Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотни летала некаде во земјите од Европската Унија, се целосно неосновани, не е презентиран ниту еден факт, материјал или доказ“, рече Захарова, пренесува РИА.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави претходно во петокот дека по падот на руски дрон врз станбена зграда во романскиот град Галаци, Северноатлантската алијанса е подготвена да ја брани секоја педа од својата територија.

Две лица беа повредени во инцидентот, а Романија го нарече настанот сериозно кршење на меѓународното право. Нападот беше осуден од НАТО и европските лидери, вклучувајќи го и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а Букурешт го покани рускиот амбасадор на разговори и побара зајакнување на одбраната од беспилотни летала. Поради инцидентот, беа подигнати борбени авиони Ф-16, а жителите на пограничните области беа предупредени да побараат засолниште.

Би можело да ве интересира

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Марин Ле Пен: Франција е во длабока криза што ја загрозува демократијата