Русија со автопат долг 2.000 километри ќе се поврзе со Кина

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев одобри изградба на автопат долг 2.000 километри, што би требало да ја поврзe Русија со Кина.

Изградбата на автопатот ќе чини 9,4 милијарди долари.

Автопатот од руско-кинеската граница ќе се простира на запад и ќе претставува најкраток пат за копнен транспорт на стока од Кина во Европа. Исто така ќе го олесни и автомобилскиот сообраќај помеѓу Европа, западна Русија и Централна Азија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013 година ја промовираше инфраструктурната политика – изградба на пристаништа, патишта и железница со цел да се создаде нов трговски коридор, кој ќе ја поврзи Кина со Азија, Африка и Европа.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски