Русија сериозно и се закани на Јапонија

Од:

Русија ја предупреди Јапонија и се закани со „одмазднички мерки“ доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират кон источните граници на Русија, пишува Си Ен Ен.

Оваа закана е само продолжение на конфликтот меѓу Москва и Токио. Русија е бесна што Јапонија и даде недвосмислена поддршка на Украина и се приближува до земјите-членки на НАТО. Русија и Јапонија, всушност, имаат нерешени односи од крајот на Втората светска војна поради островите кои тогаш беа окупирани од советските сили.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Игор Моргулов изјави во вторникот дека американско-јапонските поморски вежби се „потенцијално од навредлива природа“, објавија руските државни медиуми.

– Таквите постапки на јапонската страна ги сметаме како закана за безбедноста на нашата земја. Доколку таквата практика се прошири, Русија ќе преземе одмазднички мерки во интерес на зајакнување на своите одбранбени капацитети, истакна Моргулов.

Сепак, тој не прецизираше за кои американско-јапонски вежби станува збор, ниту експлицитно наведе како би можело да изгледа руската одмазда.

Морнариците на САД и на Јапонија минатата недела ги завршија заедничките вежби во Источното Кинеско и во Филипинското Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски