Русија сепак ќе го испорача ракетниот систем С-300 на Сирија

Од:

Светските агенции пренесуваат дека Русија не планира да го почитува наметнатото ембарго за оружје на Сирија и дека планира да го исполни Договорот за испорака на противвоздушние системи С-300.

„Ние ќе продолжиме да го спроведуваме овој договор за испорака на противвоздушните системи. Не доаѓа во предвид наметнување на ембарго за продажба на оружје и воена технологија на Сирија”, ја пренесува агенцијата АФП изјавата на Вјачеслав Дзиркалн, заменик-шеф на руската војска агенција за техничка соработка.

Русија во неколку наврати изјави дека договорот за воздушните одбранбени системи со Сирија бил потпишан пред неколку години и дека Москва е решена да ги исполни договорот.

Руската морнарица е подготвена да се пробие преку поморска блокада на Сирија.

Руската воена морнарица е испратена кон Сирија за да се обезбеди испораката на оружјето со руските трговски бродови во случај на блокада на Сирија.

„Флотата е испратена во мисија да ја гарантира безбедноста на нашите бродови, и да се спречи било какво мешање во случај на блокада. Јас да ве потсетам, не постојат граници”, изјави Вјачеслав Дзиркалн, запрашан за акциите на морнарицата во случај на блокада.

 

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски