Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Од:

Рускиот истражувачки центар „Гамалеја“ разви вакцина која ќе штити од нови варијанти на омикрон сој на коронавирусот, која е создадена на истата платформа како Спутник V, изјави денеска директорот на таа институција, Александар Гинзбург.

Вакцината, објасни тој, содржи подсеквенци на соевите делта и омикрон и се претпоставува дека треба добро да штити од овие соеви, како и од варијантата BA.5.

„Оваа вакцина е направена на истата платформа како Спутник, а ќе се смени само антигенскиот состав, дури и погрешно е да се нарече нова вакцина, бидејќи и вакцината против грип секоја година има нов антигенски состав, но никој не ја нарекува нова“ – изјави Гинзбург за „РИА Новости“.

Тој истакна дека клиничките испитувања, доколку се спроведат според сегашната легислатива, ќе траат до шест месеци и дека дотогаш веќе може да има нова варијанта на омикрон или друг вид, и изрази уверување дека постапката што се користи за вакцината против грип треба да да се користи и дека трае три месеци.

Во август 2020 година, руското Министерство за здравство ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот во светот, Спутник Ве.

Во Русија беа развиени и вакцините EpiVachorona, KoviVac, Sputnik Light, EpiVachorona-N, Konvasel и Gam-COVID-Vak-M за адолесценти.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Холандски новинари поднесоа тужба против забраната на руските ТВ станици РТ и Спутник во ЕУ

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

СЗО ја одложи проценката на руската вакцина Спутник

А1он

Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција

А1он

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус