Русија предупредува: Радиоактивноста може да ги покрие Полска, Германија и Словенија

Од:

Русија предупреди дека може да ја затвори нуклеарната централа Запорожје доколку Украина продолжи со гранатирање на објектот.

Шефот на руските сили за радиоактивна, хемиска и биолошка одбрана изјави дека во претходните напади биле оштетени помошните системи за одржување на електраната. Тој додаде дека во случај на несреќа радиоактивен материјал ќе ги покрие Полска, Германија и Словенија.

Нуклеарната централа, окупирана од Русите, но управувана од украински персонал, неодамна беше место на често гранатирање, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Русија негираше дека нејзините сили чуваат тешко оружје во нуклеарната централа.

„Киев подготвува провокација за време на посетата на генералниот секретар Антонио Гутереш. Руските војници немаат тешко оружје ниту на територијата на објектот ниту во околината. Таму има само воени единици“, соопшти руското Министерство за одбрана, како што објави The Guardian.

Министерството тврди дека Украина распоредува сили во областа и планира да ја таргетира електраната утре од Никопол, што се совпаѓа со посетата на Гутереш на Одеса, а потоа да ги обвини руските сили за нападот.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски