Русија: Полицијата спречи геј собир

Од:

Тројца организатори денеска се уапсени во првиот , а пет во вториот обид да се направи собир кои би ги истакнал правата на геј-популацијата во Русија.

На почетокот биле само три лица кои веднаш биле уапсени со цел да се спречи понатамошниот процес на собирање. Откако се појавиле вторите учесници за собирот, вкупно шест на број, од нив биле уапсени пет.

Иако хомосексуалноста е декриминализирана по падот на Советскиот Сојуз, хомосексуалците во Русија немаат целосни права и се обидуваа да парадираат.

Освен апсењата, чести се и насилничките напади врз учесниците во овие протести.

Во Санкт Петербург (февруари) се донесе законска регулатива со која се предвидува казна до 500.000 рубли (околу 12.000 евра) за проширување на „хомосексуална пропаганда“.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот