Русија подговува Јалта 2, Западот ги прифаќа условите

Од:

Романија либера – Букурешт

Големите атлантски сили се на пат да прифатат исцртување на нови сфери на влијание наметнати од Русија, исто како што се случи на Крим на конфернцијата на Јалта пред 70 години. Овој пат жртви се државите кои навикнале на бесот на Големата мечка, која затскриена зад ликот на кротка кадифена играчка си ги остри ноктите и се подговува да завладее над нови територии.

Молдавците, Грузијците и Украинците ја знаат прегратката на Русите кои ветуваат цивилизација, пари и образование, но со себе носат терор, дисциплинирани баталјони и долготрајно владеење.

Русија повторно станува господарка на играта во нејзиното природно пространство за експанзија и го отвара чадорот над земји кои се премалечки за игрите на Големата мечка и кои се обидоа да избегаат кон Запад: Молдавија, Грузија и Украина. Трите до неодамна се надеваа дека на средбата на врвот на Источното партнерство (која се одржа на 21 и 22 мај) ќе им биде подигната бариерата и ќе можат да се откачаат од историските пранги кои ги приковуваа кон Русија.

Нивниот оптимизам во меѓувреме се стопи и сфатија дека треба да ги искоростат своите сили, инстинкти и напори за да преживеат една нова етапа во која ќе бидат дел од сложувалката: меѓу просперитетниот, но егоистички Запад, и галантниот, но доминантен Исток.

Со текот на времето можеби ќе им се чини поедноставно да се насочат кон Евроазиската унија каде се поканети да влезат без условувања, каде можат да развиваат трговија без да се придржуваат кон било какви норми, и каде рубљата може да им биде од помош. Во Молдавија и во Грузија последните социолошки истражувања веќе покажуваат дека мнозинството од луѓето претпочитаат сојуз под раководство на Москва, наместо Европската унија.

Војната на исцрпување, со која Русија сака да го претвори истокот на Украина во автономен регион, споен со Придњестровјето, за да си обезбеди заштитетен коридор околу Крим, е доказ за Молдавците и Украинците дека Западот никогаш нема да ги заштити од Русите. Повторно треба да се свртат кон себеси, како што било и во минатото: лице во лице со Русија. Тие знаат дека немаат многу варијанти и силно се надеваат дека Западот ќе им компензира, но дотогаш треба да се снаоѓаат како што можат, да покажат барем малку приврзаност кон Москва. Затоа што ако не го сторат тоа доброволно, ќе бидат принудени.

Вазалноста не беше применета на еден и ист начин – ако Молдавците биле секогаш кротки, Грузијците секогаш биле готови да се бунтуваат. Украинците во западниот дел од земјата имаат силно национално чуство, додека оние во далеченте зони на исток се проруски настроени. На прв поглед и Ерменците останаа јавнати од Москва, но со нивната силна дијаспора на Запад би можеле да ја променат ориентацијата во одреден момент кога во сите услови низ историјата им е полна со атентати против потиснувачите.

Русија ќе го диригира концертот за поделба на светот на сфери на влијанија, кој произлегува можеби од идејата која ја имал американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт во еден разговор со советскиот министер за надворешни работи, Вјачеслав Михајлович Молотов, на почетоот на војната, кога зборувале за „четворицата полицајци“ кои дошле да воведат мир по Вторатат светска војна: Русија, САД, Велика Британија и Кина.

Во меѓувреме, Европејците со цинизам им соопштија на Молдавците, Грузијците и Украинците, дека „сонот за присоединување“, како што го нарече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, никогаш не постоел, туку дека нема да се исполни и дека тоа нема да ги навреди затоа што само така можат да ги постигнат „европските стандарди“.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски