Русија подготвена да помогне за разговорите меѓу САД и талибанците

Од:

Москва ќе вложи напори да помогне за продолжување на разговорите меѓу САД и талибанското радикално движење што е можно поскоро, изјави специјалниот пратеник на претседателот на Русија во Авганистан Замир Кабулов.

Одговарајќи на прашањето за можна временска рамка за почеток на вакви преговори, рускиот дипломат истакна дека сè уште нема договор за времето и датумот.

– Постои желба да продолжат преговорите. Ние ќе работиме заедно за да се осигураме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро, рече Кабулов, пренесува ТАСС.

Рускиот дипломат, исто така, потврди дека се сретнал со американскиот специјален претставник за Авганистан, Залмај Калилзад, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Дугар одлежа две децении затвор, а потоа брат му близнак му подари слобода

После 27 години истрага: Полицијата уапси ганстер осомничен за убиството на Тупак Шакур

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Калифорнија

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Илиноис: Се преврте камион кој превезуваше амонијак, не се знае колку луѓе загинале

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Насилство во Мичиген: Ученичка со стол удри наставничка по глава

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Њујорк: Невремето предизвика колапс во градот

Горан Наумовски