Русија ќе ја тестира новата вакцина за коронавирус на деца идната година

Од:

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца во периодот јануари – февруари следната година, изјави директорот на Центарот, Александар Гинцбург.

Тој рече дека Институтот никогаш не спровел тестирање на деца.

– Педијатрите ги знаат овие специфики, па заедно со нив подготвуваме документација што ќе ја доставиме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестови на деца, но само откако ќе ги завршиме сите тестови на возрасните, рече Гинцбург.

Според него, тестирањето врз децата ќе започне во текот на зимата, бидејќи третата фаза од тестирањето за вакцината против коронавирусот за возрасни ќе трае околу пет месеци.

– Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон, вакцината може да се тестира на деца само кога ќе помине целиот циклус на тестирање на возрасни, појасни Гинцбург.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот