Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Од:

Земјите-членки на Европската Унија денеска се согласија да ги продолжат санкциите против Русија за уште шест месеци, откако Унгарија се откажа од ветото, избегнувајќи криза што би имала непроценливи последици за угледот на Унијата.

Министрите за надворешни работи на ЕУ штотуку се согласија повторно да ги продолжат санкциите кон Русија.

„Ова ќе продолжи да ја лишува Москва од приходите за финансирање на војната“, објави високата претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

Договорот беше постигнат на состанокот на Комитетот на постојани претставници (Корепер), кој се состана пред состанокот на министрите за надворешни работи. Откако Унгарија ја повлече својата закана со вето, министрите веднаш формално ја усвоија одлуката.

„Русија мора да плати за штетата што ја предизвикува“, посочи Калас.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го објасни повлекувањето на заканата за блокирање на обновувањето на санкциите со тоа што неговата земја добила гаранции за енергетската безбедност.

„Унгарија ги доби гаранциите што ги бараше во однос на енергетската безбедност“, рече Сијарто.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

Се урна руски воен авион Су-25

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

(ВИДЕО) Украина: Русија изврши ракетен напад врз станбени згради и училиште во Суми

Песков: Русија и САД имаат многу работа за решавање на украинската криза