Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

Од:

Руските војници го зазедоа селото Вримивка и за малку не ја презедоа контролата врз Велика Новосилка во Доњецката област, објави аналитичкиот проект „DeepState“ ноќта меѓу 25 и 26 јануари.

Според аналитичарите, руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк.

„Непријателот напредуваше во областите Велика Новосилка, Торец, како и во околината на Надејевка, Петропавловка и Котлин“ се наведува во извештајот.

Руски извори објавија снимки од централните улици на Велика Новосилка, а аналитичарите на DeepState сметаат дека битката за ова село е при крај.

Уште на 23 јануари имаше предупредување за опасноста од оперативното опкружување на украинските војници во правец на Новопавловка, кај Велика Новосилка.

Руските сили наводно го заобиколуваат Покровск од југ и се приближуваат до регионот Дњепропетровск. Тие во моментов се движат кон селата Котлин и Удачное, кои се наоѓаат на патот Межова – Покровск.

Портпаролот на оперативно-стратешката група „Хортица“, Виктор Трехубов, изјави дека Русија со помош на супериорни сили и ресурси спроведува активни офанзивни операции кај Покровск со цел да ги заземе околните села со цел делумно да го опколи овој град.

Во исто време продолжуваат жестоките борби во Торечко.

Руските сили користат тактика на изгорена земја, уништувајќи ја градската инфраструктура и позициите на украинската армија.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади