Русија „огорчена“ од поддршката на Франција за формирање Суд за воени злосторства во Украина

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е „огорчено“ од изјавата на француското Министерство за надворешни работи дека ги поддржува плановите за создавање Суд за злосторствата извршени од Русија во Украина, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на руското министерство се критикуваат плановите ЕУ да формира специјален суд што ќе ги истражува руските воени злосторства.

„Ги повикуваме француските дипломати, кои посветуваат толку многу внимание на прашањата за човековите права, да не ги делат луѓето на „праведни“ и „погрешни“, „наши“ и „странци“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Украина бара формирање на специјализиран суд за судење на руските воени и политички лидери кои ги смета за одговорни за започнување на војната.

Русија, која своите акции во Украина ги нарекува „специјална воена операција“, негира дека цели на цивили или извршила други воени злосторства.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: На Русите им снемува муниција, па ја користат тактиката „бранови од месо“

Бајден размислува за турнеја низ Европа за време на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Објавена снимка од центарот на ослободениот Херсон: „Град на духови“

ВИДЕО: Украинците објавија снимка од нападот на руски магацин за оружје во Бахмут

САД воведоа нови санкции за „Вагнер“

11 мртви го денешниот голем руски ракетен напад на Украина