Русија официјално се повлече од договорот за контрола на вооружувањето

Од:

Русија и официјално се повлече од клучниот безбедносен договор по Студената војна, со цел да се намали потенцијалниот конфликт Исток-Запад, што е најнов знак за зголемените тензии меѓу Русија и НАТО.

„Во 00:00 часот на 7 ноември 2023 година беше завршена постапката за повлекување на Русија од CFE (Договор за конвенционални вооружени сили во Европа)“, соопшти руското Министерство за надворешни работи во соопштението на својата Интернет страница.

На овој начин меѓународно-правниот документ, чија важност беше суспендирана од нашата земја во 2007 година, конечно стана историја“.

Договорот од 1990 година, што беше преговаран и склучен на крајот на Студената војна и потпишан една година по падот на Берлинскиот ѕид, постави ограничувања на распоредувањето на воена опрема за одржување на воената рамнотежа меѓу НАТО и земјите од тогашната Варшавски пакт.

Русија го суспендираше своето учество во договорот во 2007 година, а го прекина активното учество во 2015 година.

Во мај 2023 година, кога Русија веќе беше длабоко навлезена во војната во Украина, што самата ја почна на 24 февруари 2022 година, претседателот Владимир Путин потпиша декрет за откажување на договорот, предизвикувајќи осуда од НАТО за „поткопување на евроатлантската безбедност“.

„Договорот CFE беше склучен на крајот на Студената војна, кога се чинеше можно да се формира нова архитектура на глобална и европска безбедност темелена на соработката и беа направени соодветни обиди“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Акциите на САД за проширување на НАТО доведоа до тоа земјите од Алијансата „отворено да ги заобиколат“ групните ограничувања, додаде руското министерство.

„Со тоа, договорот CFE во неговата оригинална форма го загуби контактот со реалноста“, се додава во соопштението на руското МНР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поддршката на САД за Украина има цена, 500 милијарди долари во ретки метали

Катерина Ѓуровски

Русија и Украина ги кажаа условите за преговори откако Трамп објави дека зборувал со Путин

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

(ВИДЕО) Украина со дронови го нападна Ростов

Русија е подготвена за разговори за Украина