Русија одлучи: Каспаров е терорист

Од:

Светскиот шампион во шах Гари Каспаров е додаден на листата на терористи и екстремисти, соопшти денеска Федералната служба за финансиски надзор на Русија.

„На списокот е Гери Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година во Баку, во Азербејџанската автономна Советска Социјалистичка Република“, соопшти Росфинмониторинг, пренесува РИА.

Каспаров веќе е казнет со 30.000 рубљи (повеќе од 300 евра) од судот во Москва поради непочитување на законот за „странски агенти“.

Пред еден месец истиот суд го казни Каспаров со 40.000 рубљи (повеќе од 400 евра) поради објави на социјалните мрежи.

Во мај минатата година Каспаров беше вклучен во регистарот на странски агенти во Русија.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Каспаров е осомничен за создавање терористичко здружение

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област