Русија најави во кој случај Белорусија би можела да се приклучи на војната

Од:

Белорусија би можела да војува во Украина доколку Киев одлучи да ја нападне неа или Русија, изјави претставник на руското Министерство за надворешни работи. Русија уште во февруари ја искористи белоруската територија за испраќање свои војници во Украина, а потоа распореди свои сили таму како дел од заедничките воени вежби.

Официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Алексеј Полишчук изјави дека овие вежби се организирани за да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот. Но, сега тој предупреди дека Белорусија би можела да се приклучи на војната доколку се изврши напад врз неа или врз Русија, пишува Sky News.

„Од правна гледна точка, употребата на воена сила од страна на режимот во Киев или инвазијата на вооружените сили на Украина на територијата на Белорусија или Русија се доволна причина за колективен одговор. Тогаш останува за лидерите на двете земји да ја донесат таа одлука“, изјави Полишчук за новинската агенција ТАСС.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани