Русија: На страната на ИД војуваат 25.000-30.000 странци

Од:

Операцијата на руските ВВС во Сирија ќе продолжи се додека армијата на претседателот Башар Асад не заврши со акциите против терористите. Тоа го изјави синоќа заменикот министер за одбрана на Русија Анатолиј Антонов пред учесниците на средбата на АСЕАН.

– Акциите на ВВС на Русија во Сирија се апсолутно легитимни, нагласи Антонов. Руската авијација не нанесува удари врз т.н. умерена сириска опозиција и акциите се само против терористите, нагласи тој.

Руските сили успеале да ликвидираат десетици командни места и складишта со муниција, стотици терористи и голема количина воена техника, тврди Антонов.

– На страната на Исламска држава има меѓу 25 илјади и 30 илјади странци вклучително и од Русија, изјави Антонов.

– Ако тие се вратат во родните места, ќе пропагираат радикални идеи или ќе станат организатори на диверзии, предупреди тој и додаде дека една од главните задачи е да не се дозволи тоа.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски