Русија на СБ на ОН побара од САД да ги укине санкциите кон Иран

Од:

Заменик постојаниот руски претставник во Обединетите нации, Дмитри Пољански, побара да прекине американската политика на санкции кон Иран, додавајќи дека не е можно од Техеран да се бараат преговори додека истовремено му се воведуваат санкции.

Зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на меѓународниот мир и безбедност, Пољански кажа дека неодамнешните тензии во Персискиот залив се измислени и од сите страни побара воздржаност.

Пољански повика на напори за деескалација преку политички и дипломатски средства.

Според него, треба да се прекине со ултиматумите, санкциите и закините.

-Русија секогаш верувала дека преговорите се можни, земајќи ги предвид почитувањето на еднаквите права на сите држави, меѓународните правила и дипломатските пристапи, додаде тој.

Рускиот дипломат повтори дека скратувањето на 80 отсто од иранската трговија под закрилата на нелегални и еднострани санкции е неможно.

-Во согласност со својата иранофобска политика САД инсистираат да создадат коалиција во Персискиот залив која би ги засилила тензиите во регионот повеќе од кога било претходно.

Бројни земји, меѓу кои Јапонија, Германија, Франција и Шпанија досега изразија противење на воведувањето ваква морнаричка коалиција.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски