Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Од:

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори од државната разузнавачка агенција на земјата.

Според Ројтерс, повикувајќи се на јужнокорејски медиуми, дополнителни војници се испратени на боиштата во руската област Курск.

Канцеларијата на портпаролот на Националната разузнавачка агенција на Јужна Кореја сè уште не ги коментираше наводите.

Според гореспоменатата јужнокорејска агенција, Северна Кореја распоредила повеќе од 11.000 војници во Русија за да се борат во војната против Украина. Украина и западните експерти посочуваат дека руските сили користеле и севернокорејско оружје.

Северна Кореја официјално не ја призна воената поддршка за Русија во украинската војна.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година