Русија: Масовен напад на воено-индустриски комплекс во Украина

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека извршило масовен напад во текот врз украинскиот воено-индустриски комплекс користејќи воздушно, копнено и поморско оружје и беспилотни летала со долг дострел.

Во соопштението се наведува дека се погодени фабриките во украинската воздухопловна, ракетна и вселенска индустрија, машинско и производство на оклопни возила, како и капацитети за производство на ракетно гориво и барут, пренесува Ројтерс.

Украинските власти соопштија дека Русија истрелала проектили и беспилотни летала кон Киев во текот на ноќта, при што загинале најмалку десет луѓе, а 90 се ранети, пренесе Укринформ.

„Од 16 часот и 45 минути, бројот на загинатите од рускиот напад врз главниот град се искачи на 10 лица, а 90 се повредени“, објави прес-службата на Државната служба за вонредни состојби на Украина на својот канал „Телеграм“.

Нападот ги погоди и регионите Харков, Дњепропетровск, Житомир, Запорожје и Хмелницки, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам