Русија ќе ја продава „Спутник V“ поевтино од вакцините на конкурентите

Од:

Русија ќе ја наплаќа својата вакцина против Ковид-19 „Спутник V“ помалку отколку нејзините конкуренти, затоа што Москва има намера следната година да произведе повеќе од милијарда дози во земјата и странство, изјави шефот на рускиот државен фонд за богатство (РДИФ) Кирил Дмитриев.

Деталите за точната цена се очекува да бидат објавени во текот на денот, но Дмитриев за британските медиуми изјави дека „Спутник V“ ќе биде значително поевтина од другите конкурентски вакцини со слично ниво на ефикасност.

Тасс пренеусва дека Дмитриев ова го изјави откако РДИФ и Националниот центар „Гамалеа“ соопштија дека новите податоци од клиничките испитувања, темелени на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти кои ги примиле двете дози од вакцината, покажале дека „ Спутник V“ е во 91,4 проценти ефикасна на 28-от ден и над 95 проценти на 42-от ден.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски