Русија ќе гради две воени бази на Курилските Острови

Од:

Русија гради две воени бази на островите Итуруп и Кунашир, со што ќе се зголеми воената подготвеност на армијата на источната граница, изјави министерот за одбрана генерал Сергеј Шојгу.

Тој наведе дека ќе се изградат 392 објекти и касарни. Предвидено е да се употребат само современи типови на конструкции за брзо монтирање.

– Ќе бидат изградени гарнизони со развена инфраструктура – детски градинки, училишта, културни центри и хостели, посочи Шојгу.

Присуството на руската армија на Курилските Острови со население од 19.000 жители е чувствителна тема за Јапонија, која има претензии кон тој архипелаг, анектиран од СССР кон крајот на Втора светска војна по капитулацијата на јапонската армија.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов