Русија ја смета за опасна желбата на Варшава да го поткопа договорот НАТО-Русија

Од:

Желбата на Полска да го поткопа Основниот документ за односите меѓу НАТО и Русија, за да може да прими на своја територија бази на Алијансата, е крајно опасна провокација, соопшти руското МНР.

– Ние ги сметаме тие изјави за крајно провокативни и опасни, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Во интервју за полски венсик, новиот полски министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски, рече дека во „Западна Европа се распоредени американски војски, има воени бази и одбранбени инсталации, додека во Полска нема ништо“.

Тој истакна дека договорот, што стои во основата на таа положба, е „договор со политички карактер, кој нема законска сила и е склучен во друга меѓународна реалност“, пред присоединувањето на Полска, Чешка и Унгарија кон НАТО во 1999.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа