Русија ја менува тактиката за следната година, ќе се зголеми старосната граница за задолжителен воен рок

Од:

Рускиот министер Сергеј Шојгу на денешната средба со Путин предложи да се зголеми старосната граница за задолжителен воен рок, пренесува Комерсант.

Шојгу рече дека уписот во војска треба да се зголеми од 18 на 21 година, а старосната граница од 27 на 30 години. Бројот на руските вооружени сили мора да се зголеми на 1,5 милиони луѓе, вклучително и 695.000 војници со договор, а на оние кои сакаат доброволно да склучат договор треба да им се даде таа можност од првиот ден на службата, рече тој.

Исто така, Шојгу изјави дека е започната работа на распоредување на најновата интерконтинентална балистичка ракета РС-28 „Сармат“.

Говорејќи на годишната конференција со руските воени началници и Путин, Шојгу исто така рече дека Русија го забрзува распоредувањето на модерното оружје во војската.

Инаку, на присутните им се обрати и рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека ќе ги исполни своите цели.

„Руските војници кои учествуваат во специјална воена операција во Украина храбро и цврсто ја исполнуваат својата должност. Тие се борат како херои од претходните војни, вклучително и од Втората светска војна“, рече Путин и додаде дека во Русија, „вклучувајќи ги и новите територии, ќе се обезбеди безбеден живот на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски