Русија: Имаме право да распоредиме нуклеарно оружје на Крим

Од:

Руското Министерство за надворешни работи нема никаква информација за распоредување на нуклеарно оружје на Крим, но смета дека Русија има право на тоа.

-Не знам дали има какво било нуклеарно оружје таму во овој момент и не сум запознаен со тие планови, но во принцип Русија може да го направи тоа-изјави шефот на Одделението за контрола на вооружување на Министерството за надворешни работи на Русија, Михаил Уљанов.

Според него Русија има право да постави нуклеарно оружје во која било област на својата територија доколку смета дека тоа е неопходно.

-Ние сметаме дека имаме такво право, иако Киев има различно мислење за ова прашање-додаде тој.

Началникот на генералштабот на руската војска, Валериј Герасимов при крајот на јануари изјави дека во 2015 година државата ќе се фокусира на зајакнување на својата војска на Кримскиот полуостров.

На почетокот на месецов, командантот на руската морнарица, Виктор Чирков ги најави плановите за големо вооружување на руските сили, вклучувајќи ја Црноморската флота стационирана во Севастопољ на Крим.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски