Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на СБ на ОН за Алепо

Од:

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се бараше седумдневен прекин на огнот во сирискиот град Алепо.

Русија во СБ тврдеше дека со резолуцијата, на бунтовниците ќе им се овозможи да се прегрупираат и дека е потребно време за разговори меѓу Вашингтон и Москва.

Ова е шести пат од 2011 година Русија да вложи вето на резолуција на Советот за безбедност за Сирији, а петти пат Кина да блокира една таква акција, пренесуваат британските медиуми.

И Венецуела гласаше против резолуцијата, чиј нацрт го изработија Нов Зеланд, Египет и Шпанија, додека Ангола беше воздржана.

Останатите 11 држави членки на Советот за безбедност на ОН гласаа во корист на резолуцијата, наведуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски