Русија и Иран имаат ист став за Сирија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја прифати поканата на иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф да го посети Техеран, јави ТАСС.

На заедничката прес-конференција во Москва Зариф нагласи дека Лавров одиграл мошне позитивна и важна улога во постигнувањето на спогодбата за иранската нуклеарна програма.

Двајцата дипломати нагласија дека  Русија и Иран се соочени со заеднички закани и предизвици и изразија увереност дека соработката и дијалогот меѓу двете држави ќе се продлабочат.

Зариф нагласи дека Русија е главен партнер на Иран во нуклеарната сфера и изрази надеж дека двете страни ќе продолжат да соработуваат во областа на користење на нуклеарната енергија за мирни цели, како што е предвидено во спогодбата од Виена за иранската нуклеарна програма.

Лавров и Зариф на прес-конференцијата изјавија дека двете држави имаат заеднички став за Сирија.

– Сиријците треба сами да одлучат за својата судбина и иднина, а странските држави треба да го олеснат тој процес, рече Зариф.

И Зариф и Лавров предупредија дека не треба да се прават обиди однадвор да се диктира решението на сириската граѓанска војна.

Двајцата министри изјавија дека Русија и Иран се договориле за координирање на напорите во борбата против Исламска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран објави видео: Вака удривме на Израел

Иран му се обрати на Вашингтон: Пораката е јасна и не е добра

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски